Иновативните софтверски решенија за спортско обложување и врвната експертиза е она што на македонската ИТ компанија BtoBet ѝ обезбеди конкурентска предност и можност да застане рамо до рамо со водечките светски компании од “iGaming” индустријата.
Компанијата чиј севкупен технолошки развоен процес се спроведува во канцелариите во Скопје, Битола и Охрид, од страна на искусен тим од близу 80 ИТ експерти и висококвалификувани професионалци од повеќе различни области, веќе седум години успешно функционира, соработувајќи со голем број партнери и клиенти од целиот свет, преку своите претставништва во Северна Македонија, Италија и Гибралтар.
Главен продукт на BtoBet, кој ѝ обезбеди и конкурентска предност во индустријата за спортско обложување и онлајн казино е платформата “Neuron”. Базирана на напредна технологија, оваа платформа претставува најсовремен технолошки производ кој обезбедува уникатна вредност за спортските обложувалници и онлајн казината ширум светот.
Почнувајќи од технолошката флексибилност, односно можноста операторите да работат и малопродажба, онлајн активности преку десктоп компјутер или мобилен и сè она што овозможува персонализирање на понудите за спортско обложување, до обезбедување брз раст и ограничување на ризикот во висококонкурентната “iGaming” средина, со што успешно се задоволуваат растечките барања и динамиката на индустријата.
По неколку години самостојно функционирање, минатата година BtoBet ѝ се приклучи на реномирана групација Aspire Global, лидер во глобалната “iGaming” индустрија.
Како дел од својата развојна стратегија, BtoBet континуирано склучува нови партнерства со етаблирани компании од индустријата, благодарение на своите производи и услуги кои се целосно усогласени со регулираните пазари на светско ниво.
ПР-објава