еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

BtoBet со нова технологија за спортско обложување

Македонската IT компанија BtoBet ја прошири својата понуда со нови софтверски решенија за терминали за самостојно спортско обложување и за продажба преку шалтер, кои за првпат беа прикажани на најпрестижниот светски настан во iGaming индустријата, ICE London 2023, информираат од таму.

Новите решенија се дополнување на онлајн платформата за спортско обложување и веќепостоечките системи за физичко обложување кои BtoBet ги нуди, и се наменети и прилагодени за зрелите пазари како Европа и Северна Америка.

„Новите решенија за обложување кои BtoBet неодамна ги претстави се резултат на напорната работа на нашите тимови и претставуваат комбинација од најдобрата технологија и човечката техничка експертиза која ја поседуваме.

Наша цел е да бидеме прв избор на пазарот за сите оператори кои бараат квалитетни, флексибилни и супериорни перформанси за спортско обложување, без разлика дали го нудат онлајн или преку физичка малопродажна мрежа“, вели извршниот директор на BtoBet, Дима Ридерман.

Покрај обложувалниците со малопродажна мрежа, новите решенија се наменети и за казино операторите кои на своите играчи отсега можат да им понудат и спортско обложување во своите продажни точки, збогатувајќи го нивното играчко искуство, но и зголемувајќи го својот удел на пазарот од аспект на понуда.

Инаку, македонскиот BtoBet е една од водечките IT компании во светската iGaming индустрија со лидерска позиција на регулираните пазари во Европа, Латинска Америка и Африка.

По неодамна стекнатите сертификати и регулаторни дозволи, компанијата е на пат да се позиционира и на просперитетниот северноамерикански пазар, како дел од NeoGames групацијата која котира на њујоршката Nasdaq берза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Очекувам уште поголем број на пратеници да се приклучат кон иницијативата за изгласување на недоверба кон Владата, вели Гаши

Редакција

Јасмин Бем: Разновидноста носи развој, профитабилност и одржливост на компаниите

Редакција

СЗО: Омикрон сојот се шири со исклучително голема брзина

Редакција