еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бучковски: Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева

Северна Македонија е подготвена целосно да го имплементира Договорот за добрососедство, изјави денеска специјалниот претставник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски по средбата во Софија со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

– Ако инструмент за тоа е патоказот, верувам дека ќе може да биде алтака со која ќе се мерат постигнувањната, истакна Бучковски на заедничката прес-конференција со Захариева.

Тој призна дека во моментов довербата меѓу двете земји е нарушена, изразувајќи притоа задоволство од конструктивните разговори со Захариева.

– Изразувам задоволство што Владата на пријателска Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник на Северна Макеоднија за Бугарија како доплнителен напор од наша страна да ја вратиме загубената доверба. Се согласивме дека во периодот што претстои треба што повеќе да се фалиме со сработеното, отколку со празни зборови, истакна Бучковски.

Тој нагласи дека неговата задача ќе биде да го координира исполнувањето на договорот, но не во делот на историјата.

– Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева, но можеме да ги промениме работите за посилна соработка во инфраструктурата, во образованието, културата и во зближување на дватаа народа и тоа искрено ќе го правиме, порача Бучковски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењата дека во Софија македонски претставници преговараат за „распарчување на земјата“, Бучковски категорично ги демантираше ваквите обвинувања, оценувајќи ги како целосно не точни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захариева тврди дека Бугарија не ставила вето

(ВИДЕО) Заев: Со ветото Бугарија го прекрши Договорот за добрососедство, нејзиниот став е навредлив за Македонците

МИА/Фото: Захариева/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шефот на грчката дипломатија Дендиас во официјална посета на Македонија

Редакција

Бугарската „Кер токи пауер„ ќе стекне целосна контрола врз „РЕС“ на Анѓушев

Редакција

Комерцијална банка ја „тресе“ берзата: Продаден блок од 10.000 акции за 51,5 милиони денари

Редакција