еМагазин
Image default
Македонија

Бучковски заминува за Софија, какви предлози носи не се знае

Специјалниот пратеник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски денеска пристигнува во посета на Софија, јавија бугарските медиуми.

За денешното пристигнување на Бучковски во Софија се уште нема официјална потврда од Министерството за надворешни работи, кое пак викедов соопшти дека министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела остварил комуникација со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева и било договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план.

МНР нагласи дека задачата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства.

– Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија, додаваат од Министерството за надворешни работи во соопштението, кое беше објавено викендов.

Според бугарските медиуми посетата на Бучковски на Софија ќе трае неколку дена. Бучковски беше во посета на Софија на почетокот на декември. Тогаш тој имаше средби со Захариева, премиерот Бојко Борисов и со министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Османи вчера во интеврвју за Радио Слободна Европа порача дека не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото и додаде дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати.

Според него, спорни се разликите во очекувањата за брзината на имплементацијата, за динамиката, за целта на имплементацијата на Договорот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од грчките медиуми го дознавме новото име на државата, што ќе дознаеме од бугарските?

Османи: Не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото

(Видео) Каракачанов: Северна Македонија треба да потпише анекс од 12 точки, ако сака да добие датум за преговори

МИА/Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Последниот регистриран пред неколку дена: 111 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Укинати визите за македонските граѓани за Колумбија

Редакција

(Видео) Обвинет запроси обвинета на читањето на пресудата за „Софтвери„

Редакција