еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Од грчките медиуми го дознавме новото име на државата, што ќе дознаеме од бугарските?

Спорот со Бугарија, полека, но сигурно, станува речиси идентичен со долгодишниот спор кој Македонија го имаше со соседна Грција, барем во дело на транспратеноста на целиот процес од страна на македонските власти.

Деновиве македонската јавност, благодарение на контроверзниот бугарски министер за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, дозна дека бугарската страна уште во ноември (а можеби и порано) на маса ставила Анекс на постоечкиот Договор со Бугарија, но и дека специјалниот преставник на земјава Владо Бучковски неделава ќе патува кај источниот сосед.

Содржината на Анексот, како и содржината на досегашните преписки и нонпејпери помеѓу двете страни остануваат енигма.

Од грчките медиуми пред неколку години дознавме дека Македонија ќе добие ново име-Северна Македонија, а како што тргнале работите клучните работи за македонско-бугарскиот спор најверојатно ќе ги дознаваме од бугарските медиуми и политичари, и покрај тоа што и овој пат ние сме страната која треба да прави суштински промени, кои во овој случај веќе се на линијата или ја поминале истата за прашања поврзани со македонскиот идентитет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Каракачанов: Северна Македонија треба да потпише анекс од 12 точки, ако сака да добие датум за преговори

МНР потврди дека Бучковски следната недела ќе патува во Бугарија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува трендот на намалување на бројот на реинфекции со Ковид-19

Редакција

„Спутник 5“ – вакцина за политичка победа на Русија или вистински лек за корона вирусот

Редакција

Шолц повторно побара да се сменат правилата за гласање во ЕУ, мали се шансите да добие подршка од Франција

Редакција