еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЗК „Пелагонија“ го продава „Скопско поле“ на „Жито Полог“ за 3,2 милиони евра

Собранието на акционери на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ акционерско друштво Битола на седницата одржана на ден 08.02..2021 година година ќе одлучува по предлогот за продажба на уделот кој го поседува во друштвото за земјоделско производство, сточарство и производство „Скопско поле“ ДООЕЛ с.Р’жаничино Петровец и претставува 100% од основната главнина на друштвото.

Купувачот на уделот е друштвото за производство на мелнички. пекарски и други производи и промет на мало и големо  „Жито Полог“ АД – Тетово, за купопродажна цена од 200.000.000 денари или околу 3,2 милиони евра.

„Се овластува Одборот на директори на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ акционерско друштво Битола, врз основа на оваа одлука да донесе свои одлуки заради спроведување, реализација, утврдување рок на плаќање и измена на оваа одлука согласно одредбите од оваа одлука, а извршниот директор на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ акционерско друштво Битола да ги склучува потребните договори за реализација на оваа одлука под условитe наведени во оваа одлука и одлуките на Одборот на директори на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ акционерско друштво Битола“, пишува во предлог одлуката објавена преку Македонската берза.

Во неа се додоава дека одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а реализацијата на конкретната правна работа одобрена согласно оваа одлука ќе може да се изврши после бришењето на Налогот за заплена на удел од извршител Николина Иванова од Битола од 16.11.2018 година, со кој е извршена заплена на уделот во големина од 100% од главнината на  друштвото за земјоделско производство, сточарство и производство „Скопско поле“ ДООЕЛ с.Р’жаничино Петровец, по барање за спроведување на извршување од доверителот НЛБ Банка АД Скопје, за запленување на уделот.

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

„ЗК Пелагонија“ го продава „Комплекс Александрија“ за најмалку 10,5 милиони евра

Орце Камчев и Цветан Панделески за 24 милиони евра си купуваат златна кокошка „сами од себе“

Сергеј Самсоненко стана најголем акционер во „Жито Полог“: Може заминува од Вардар, но не од Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австрискиот професор Бибер: Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето

Редакција

Трамп ги користел разузнавачките служби за шпионирање пратеници и нивните семејства

Редакција

(Видео) Зимска идила: Попова Шапка и Маврово со снежна покривка

Редакција