еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Трамп ги користел разузнавачките служби за шпионирање пратеници и нивните семејства

За време на мандатот на 45-от претседател на САД, Доналд Трамп, официјални лица од Министерството за правда собирале податоци за претставници на Специјалната разузнавачка комисија на Претставничкиот дом, објави Њујорк тајмс.

Американското Министерство за правда покрена истрага за протекувањето на доверливи информации во медиумите за наводните контакти од опкружувањето на Трамп со руски официјални лица.

За време на истрагата, Министерството за правда на САД побара од Епл информации од профилите на „најмалку двајца демократи од Специјалната разузнавачка комисија на Претставничкиот дом, нивните асистенти и нивните семејства“. Информации биле побарани и за едно малолетно лице.

Во 2017 година и почетокот на 2018 година биле доставени податоци за најмалку 12 лица поврзани со Специјалната комисија, вклучувајќи го и конгресменот од Калифорнија, Адам Шиф, кој сега е шеф на Специјалниот комитет.

Министерството за правда на САД, кое тогаш го водеше Џеф Сешнс, не најде поврзаност помеѓу членовите на Специјалната комисија и протекувањето на класифицирани информации.

Според неименувани извори, Вилијам Бар, кој го наследи Сешнс како државен обвинител на САД, ја „оживува“ истрагата против Шиф и неколку други лица. Дел од официјалните лица коментираа дека истрагата е политички мотивирана.

По наводите на Њујорк тајмс, Шиф истакна дека „собирање податоци од страна на американските власти за законодавците на земјата е крајно невообичаено“ и побара истрага за инцидентот.

Додека истрагите за протекување од Министерството за правда се рутински, сегашните и поранешните претставници на Конгресот запознаени со истрагата изјавија дека не можат да се сетат на случај во кој биле запленети архиви на пратеници.

Покрај тоа, пратениците не знаеле дека се под истрага се додека Епл не ги извести минатиот месец.

МИА/Фото: Фејсбук/Трамп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Четврта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Море сокол пие“ во изведба на Мина Блажев

Редакција

Нова рекордна недела за БРАКО: 17 испорачани возила во европски земји

Редакција

Владата ќе ја ограничува заработката на приватните болници за ковид-пациенти

Редакција