еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР потврди дека Бучковски следната недела ќе патува во Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела оствари комуникација со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева каде беше договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Како што наведуваат во соопштението улогата на специјалниот претставник Владо Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства.

-Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје – Софија, додаваат од Министерството за надворешни работи.

Реакцијата на МНР следи откако претходно бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов за бугарските медиуми информираше дека следната недела ќе има средба со Бучковски и дека бугарската позиција не е сменета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Каракачанов: Северна Македонија треба да потпише анекс од 12 точки, ако сака да добие датум за преговори

Фото: Фејсбук/Захариева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иако не е регистрирана во Македонија, партијата на Курти, „Самоопределување„ ќе биде дел од изборните листи

Редакција

Петков планира да прави нова влада

Редакција

Функционирањето на историската комисија со Македонија во сегашниот формат е излишно, вели бугарскиот академик Спас Ташев

Редакција