еМагазин
Image default
Македонија

Бугарско МНР: Бугарија бара гаранции за нејзините услови во преговарачката рамка

Бугарија ја извести Европската комисија дека не е во можност да ја прифати предложената преговарачка рамка за Република Северна Македонија и нацрт-декларацијата, бидејќи не ги даваат потребните гаранции за исполнување на бугарските услови, соопшти Министерството за надворешни работи во Софија.

– За Бугарија е неприфатливо нејзините услови за Република Северна Македонија да бидат поставени во декларацијата на Советот на ЕУ, што ја придружува рамката за преговори.

Декларацијата на Советот не е правно обврзувачки инструмент и не ги дава правните гаранции што ги бара Бугарија. Ние би имале такви гаранции доколку нашите барања се рефлектираат во текстот на рамката за преговори, на што  инсистираме, велат од бугарското МНР.

Сепак, Софија смета дека и покрај кратките рокови решение може да се постигне.

– Бугарија им се заблагодарува на германското претседателство со Советот на ЕУ и на комесарот за проширување, Оливер Вархеји за конструктивниот пристап и секојдневната заедничка работа во потрага по решение кое сè уште е можно да се постигне и покрај кратките рокови, посочуваат од МНР на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бугарија покажа дека нема расчистено со фашизмот, а ЕУ тоа го дозволи„: Твитер реакции за ветото

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ со највисок рејтинг во анкета на ИРИ, води пред СДСМ со 8%

Редакција

И Гоце Делчев ќе го славиме заедно со Бугарите?

Редакција

(ВО ЖИВО) Финале на уставните измени: Македонија го менува името во Северна Македонија

Редакција