еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија договара со Грција поставување на спомен-плоча на Гоце Делчев во Баница, каде што беше убиен

Бугарија договара со Грција поставување на спомен-плоча на македонскиот револционер Гоце Делчев во селото Баница во Грција, каде што во 1903 година беше убиен.

Како што јавува бугарската агенција БГНЕС, бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу изјавил дека Бугарија ќе поддржи иницијатива за поставување спомен-плоча на Делчев во Баница.

Тој вели дека двете земји ги оставиле настрана сите противречности во минатото и во моментов биле модел и пример за стратешко партнерство и разбирање.

“Не гледам проблем, Грција, која е суверена држава и се грижи за спомениците на нејзината територија, да даде можност за таков споменик, особено што Гоце Делчев е бранител на слободата на сите луѓе, без разлика во која земја живееле”, изјавил Радев и притоа го цитирал Делчев со неговата најпозната изрека за светот како поле за културен натпревар.

Доколку има такво барање, надлежните органи ќе го разгледаат, изјавила грчката претседателка.

Иницијативата се совпаѓа со 120-годишнината од смртта на Делчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако бројките на заразени со Ковид-19 не се намалат, Филипче најави продолжување на полицискиот час и скратено работно време на кафеаните

Редакција

Српското МВР ја забрани прошетката во рамки на Европрајд во Белград, организаторите не се откажуваат

Редакција

Се ублажува забраната за движење во шуми, активни четири пожари

Редакција