еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија ќе им плаќа на македонските Бугари да ја тужат Македонија

Во интервју за бугарската национална телевизија „БНТ“, техничкиот бугарски министер за надворешни работи, Николај Милков, констатира дека се случувала „ескалација и зголемување на тензиите со Македонија“.

„Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неусогласени со разбирањето и договорната основа. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на „францускиот предлог“. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес“, рече Милков.

Тој додаде дека Бугарија е подготвена финансиски да им помогне на граѓаните со бугарска самосвест во Македонија во правната битка што би ја воделе пред домашните и меѓународните судови.

„Ние сме подготвени да соработуваме со луѓето со бугарска самосвест во периодот кога тие ќе поднесат жалби до судовите во Северна Македонија и до европските судови. Повеќето од нив можеби немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани“, рече Милков.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загрижувачки тренд: Две убиства на жени за неполни две недели во време на корона кризата

Редакција

Антикорупциска отфрли два, прифати еден приговор поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова за Македонија”

Редакција

Пристигнаа последните македонски граѓани евакуирани од Авганистан

Редакција