еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија ќе ни донира вакцини од „Фајзер“ чиј рок истекува на 30 септември

Неколку месци по првата најава од Бугарија дека ќе и донира на Македонија вакцини против Ковид-19, конечно денеска бугарското Собрание донесе одлука за донација на над 50.000 вакцини од „Фајзер“ за земјава.

Како што пренесува Дојче веле, се очекува брза испорака на овие вакцини со оглед дека рокот им истекува на 30 септември.

„Конкретно за Северна Македонија, изборот е дали да ги уништиме или да ги подариме, затоа што на вакцините им истекува рокот до крајот на септември“, изјави за време на парламентарната дискусија, министерот за здравство Стојчо Кацаров.

Тој објасни дека компанијата „Фајзер“ не дозволила ниту една земја да обезбедува, продава или донира вакцини без ратификација од Народното собрание.

Според Кацаров, донацијата требало да се изврши во јуни, но поради проблеми со процедурите тоа не успеало.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Прилеп еден новозаболен од Ковид-19, a едно лице почина на 84 години

Редакција

Земаат лек за дијабет за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето и оставајќи ги дијабетичари без лек

Редакција

Пример за почит: „Revija bar&food“ бара да вработи лице со Даунов синдром

Редакција