Бугарија и Полска се првите земји членки на Европската Унија кои остануваат без испорака на природен гас од руски Газпром.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, бугарската компанија Булгаргаз ЕАД добила известување дека испораките на природен гас од компанијата ќе бидат суспендирани од денеска, 27 април 2022 година.
Бугарските власти тврдат дека тие целосно ги исполниле своите обврски и навремено, строго и во согласност со договорот и неговите клаузули и ги извршиле сите плаќања, а анализата на државната компанија Булгаргаз и Бугарскиот енергетски холдинг открила дека новата процедура за плаќање во две фази предложена од Русија не е во согласност со постоечкиот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за Бугарија.
Русија од денеска ќе престане да испраќа гас и во Полска, соопшти полската државна компанија за гас ПГНиГ, пренесуваат тамошните медиуми.
Компанијата соопшти дека Газпром ја информирала дека сите испораки на гас во земјата ќе бидат прекинати од 08:00 часот по средноевропско време.
Газпром го оправда потегот со новите правила објавени минатиот месец, според кои „непријателските“ земји мора да плаќаат за гас во рубли, а ПГНиГ одбила да го стори тоа.
Фото: Влада