еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во еврозоната, велат од Европската комисија

Европската комисија соопшти дека Бугарија се уште не исполнува два од условите за влез во еврозоната.

Бугарија не ги исполнува индикаторите за стабилност на цените и законодавството целосно усогласено со правилата на ЕУ.

Од Комисијата појаснуваат дека во најсиромашната членка на ЕУ инфлацијата на потрошувачките цени е нерамномерна.

Според бугарски медиуми, последните податоци за Бугарија покажуваат висока инфлација предизвикана од растот на цените на енергенсите.

Следниот извештај се очекува да покаже позитивна промена следната година, бидејќи инфлациските притисоци се сметаат за привремени и се очекува значително да паднат.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фатиме Фетаи: Ниту борбата за правда застанува, ниту животот тука застанува

Редакција

Двајца починати од Ковид-19 во дебарската болница, за првпат хоспитализирани над 40 лица

Редакција

Израел и Хамас се договорија за четиридневен прекин на огнот и ослободување на дел од заложниците

Редакција