еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија ставена на меѓународната сива листа за перење пари, ќе биде под зголемен надзор

Бугарија е ставена на сивата листа на земји што подлежат на засилен мониторинг од страна на Работната група за финансиска акција, Financial Action Task Force (ФАТФ).

Државите на сивата листа имаат „стратешки недостатоци“ во нивните напори да се спротивстават на перењето пари и финансирањето на тероризмот, но соработуваат со ФАТФ за да ги надминат проблемите.

Бугарија им се придружи на 22 други држави на листата, додека четири држави, меѓу кои и Панама и Кајманските Острови, беа отстранети од листата.

Повеќе од 200 земји и територии се обврзаа дека ќе ги спроведат препораките на ФАТФ за борба против перењето пари, финансирањето на тероризмот и ширењето на оружјето.

ФАТФ има и црна листа на која се наоѓаат држави со висок ризик.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Талевска од Мелбурн за пожарите: Terra Australis (Непознатата земја) чекори кон непознатото

Редакција

Пуштен во употреба бројот за итни случаи 112: На едно место се добиваат услуги на полиција, Брза помош и противпожарна бригада

Редакција

Башким Бесими нов член на Советот на јавните обвинители

Редакција