еМагазин
Image default
Локално

Бугарите од пограничните места доаѓаат во Делчево по евтини лекови и храна

Поради проблемите со снабдувањето и високите цени на лековите во Бугарија, стотици Бугари од пограничните места патуваат во Македонија за да купуваат медикаменти што им недостасуваат во домашните аптеки, пренесуваат бугарските медиуми.

„Градот Делчево е на само 15 километри од границата и 30 минути возење од Благоевград. Во последните месеци тамошните фармацевти читаат се повеќе бугарски рецепти. Знаат за проблемите со недостигот на лекови кај нас.

Во македонската аптека Бугаринот обично е дарежлив. Тој купува повеќе, бидејќи лековите се поевтини, иако тоа не е секогаш случај. Најчесто се бараат лекови против главоболки, симптоми на грип и висок крвен притисок,“ пишува Нова ТВ.

Бугарите што доаѓаат во Делчево, како што се посочува, никогаш не се враќаат само со лекови, туку секогаш носат вреќа со прехранбени производи набавени од локалните трговци.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 378 лица за неносење заштитна маска

Редакција

Опожарена барака во Скопје

Редакција

Разбојник му украл торба со пари од „Мерцедес“

Редакција