еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарски европратеник до Пендаровски: По прифаќањето на францускиот предлог за Миладинови ќе мора да се каже дека се Бугари

Андреј Ковачев, бугарски европратеник од партијата на Бојко Борисов, на Фејсбук реагира за посетата на претседател Стево Пендаровски на спомен куќата на македонските преродбеници Димитар и Константин Миладинови во Струга.

„Ова треба да биде последниот пост на Стево Пендаровски или на кој било друг официјален претставник на С Македонија да пишуваат на ваков начин, напиша тој Фејсбук.

Пендаровски, кој во својот пост не спомна дека преродбениците се Македонци за неговиот престој во Струга напиша: „Денеска ја посетив Спомен-куќата на славните преродбеници од 19 век, Димитар и Константин Миладинови, во нивната родна Струга.

Просветителската дејност на браќата Миладиновци вградена во нашата колективна меморија е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Обврската да го почитуваме и негуваме нивното дело е чест и привилегија за секој од нас“.

За Ковачев ова е непочитување на одредбите од францускиот предлог и непочитување на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

За него овие документи ќе бидат главен, хоризонтален критериум за напредокот на Скопје на патот на преговорите за членство во ЕУ.

„Упатувањето во преговарачката рамка на протоколите на членот 12 од Договорот ги обврзува македонските функционери да се придржуваат, во нивните официјални настапи, на наративите веќе дефинирани од мешовитата историска комисија за ликовите и настаните од нашата заедничка историја.

Секако, за браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење и за бугарската култура, а пред сѐ нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана е бугарски, а самите се Бугари.

На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или за Гоце Делчев.

Не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од левицата и ДПМНЕ, оние од протестите кои деновиве се пенават на споменувањето на ‘Бугари’“, напиша Ковачев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руска амбасада за изјавите на Пендаровски: Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чифлиганец: Беспредметно е споменувањето на моето име во „Рекет“

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција

И Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да гласаат за новата Влада

Редакција