Со драматична реакција се огласи бугарското Министерство за надворешни работи, откако владината Комисија одлучи дека името Иван Михајлов неможе да се користи, а министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на истото.
Од бугарското МНР велат дека „со загриженост ги следи случувањата во Република Северна Македонија поврзани со правото на здружување на Бугарите во земјата и особено последните случувања околу името на здружението на граѓани „Иван Михајлов“ од Битола“.
-Одлуките што се подготвуваат имаат значајна врска со демократските процеси во нашата соседна земја. Како што е познато, токму со цел објективно толкување на историските настани од заедничката историја меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, двете влади формираа Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, велат од таму.
-Системските блокади на нејзината работа досега не дозволија општа оценка за улогата на историските личности од тој период. Затоа, се надеваме дека надлежните институции во Република Северна Македонија нема да користат еднострани и тенденциозни толкувања на историски настани и личности како основа за ограничување на основните права, вклучително и правото на здружување, велат од таму.
Од владината Комисија за употреба на имиња на личности вчера соопштија дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија, кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерот за правда Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов
Фото: бугарско МНР/Фејсбук