еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 хоспитализиран и ќе биде опериран, докторите поради ризикот од исходот се оградуваат

Од правниот тим на Бојан ЈовановскиБоки 13 информираат дека тој е хоспитализиран во градската болница во Скопје, каде што ќе биде опериран, посочувајќи дека операцијата е високоризична, а исходот од неа е неизвесен.

„Во согласност со специјалистичкиот извештај, ве информираме дека за извршувањето на операцијата, која по својот карактер е сложена, високоризична и со неизвесен исход, формиран е тим на повеќе хирурзи специјалисти од областа што ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите специјалисти се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат од причини што самата хируршка интервенција е високоризична и сложена, придружувана со можни компликации, кои може да бидат кобни за пациентот“, велат од неговиот правен тим.

Според нив, ова е резултат на тоа што Боки 13 во затворот „Идризово“ не бил третиран во согласност со лекарските упатства.

„Оттука, произлегува фактот дека поради апсолутно и крајно непочитување на издадените задолжителни препораки и мислења на стручните колегиуми на државните клиники од страна на судските власти и Управата за извршување на санкциите, дојде до оваа непосакувана и ризична актуелна здравствена состојба на Бојан Јовановски по што во најдобар случај и позитивен исход од операцијата, тој ќе биде со траен инвалидитет.

Целата оваа ситуација и операцијата можеа да се избегнат доколку властите што одлучуваа по барањата за прекин ги почитуваа специјалистичките препораки, кои категорично укажуваа дека ќе дојде до сето ова, бидејќи во затворски – пенални услови нема можност за лекување и третирање на болеста на пациентот.

На Бојан Јовановски, по денешната хоспитализација, во наредните денови ќе му бидат извршени сите потребни испитувања и подготовки за операцијата по што хирурзите специјалисти ќе пристапат кон нејзино извршување“, велат од таму.

Од правниот тим на Боки 13 испратиле и ново барање за прекин на казната, бидејќи, како што велат, никако поинаку не може да се санира состојбата на Боки 13, а тоа се докажува и од алармантното влошување.

„Ја информираме јавноста дека пред Основниот кривичен суд веќе е поднесено ново барање за прекин на издржување на казната затвор во согласност со чл. 224 ст. 2 од ЗИС и очекуваме одлука што ќе биде донесена во итен рок ќе биде темелена врз основа на реални факти и неселективна оценка на доказите со примена на начелото на хуманост во согласност со новонастаната состојба, односно одлука со која ќе биде уважено барањето за прекин во согласност со сите исполнетите законски услови, совест и одговорност при одлучување од страна на судот.

Во овие чувствителни моменти за Бојан Јовановски и неговото семејство ја повикуваме јавноста на солидарност и емпатија како доблесни карактерни особини на секој поединец, бидејќи со овој пример на Бојан Јовановски имаме цел да ги укажеме негативните појави, а истовремено да дадеме придонес кон подобрување на јавното добро“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алармантно е влошено здравјето на Боки 13, предупредува неговиот правен тим

Операција „Бумеранг“: Боки 13 ќе му предаде на Абази над милион “бомби“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Нова книжарница на ТРИ во Скопје

Редакција

Стефанос Каселакис води во изборот за наследник на Ципрас, ќе има и втор круг

Редакција

Четворица работници на Макстил се повредени, дошло до прскање на течен челик

Редакција