еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското вето „успеа” да ја ослаби улогата и влијанието на ЕУ во целиот регион, вели Шекеринска

Неуспехот да се испорача тоа што Северна Македонија го заслужува, ја загрозува ЕУ во еден важен регион кој е опкружен со членки на Унијата.

И затоа изгледа дека бугарското вето „успеа“ таму каде што не успеаја други надворешни влијанија – да ја намали моќта и влијанието на ЕУ во целиот регион на Западен Балкан, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешниот состанок на министрите за одбрана на Централноевропската одбранбена соработка која во моментов се одвива под претседателство на Хрватска.

Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, нагласи дека Северна Македонија во изминатите четири години беше целосно и искрено посветена на евроатлантските интеграции, што уште повеќе ја зголемува разочараноста од одлагањето на почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

– Северна Македонија, не седеше и не чекаше да добие подарок, туку во последните неколку години работевме на суштински, болни и тешки реформи, не само за решавање на билатералните прашања со Грција и Бугарија, туку и на прашања кои се важни за европската агенда, како што се човековите права, владеење на правото, транспарентноста, борба против корупцијата, правата на малцинствата. Во сите овие прашања Северна Македонија има видливи резултати, рече министерката за одбрана.

Западен Балкан, посочи Шекеринска, е клуч за безбедноста и за успехот на Европската Унија, а безбедноста, стабилноста и просперитетот на Западен Балкан зависат од неговите евроинтеграциски перспективи.

На состанокот кој се одржа преку видеоконференциска врска, претседаван од домаќинот, хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ, учествуваа и министрите за одбрана на Австрија, Унгарија, Словачка, Словенија, Албанија, Црна Гора, Косово и Србија, и замениците министри од Чешката Република и од Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев задоволен што европските лидери „конечно разбрале каде е проблемот со Македонија“

Совет на ЕУ: Ни преговори, ни датум за Македонија додека не се повлече бугарското вето

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов ќе не чини 1.950 евра месечно за канцеларијата во Џевахир „Скај сити“

Редакција

Расте бројот на должници, покажува новата листа на УЈП

Редакција

Министерот Милевски ја поднесе оставката до Владата

Редакција