еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Цементарница Усје како гориво ќе користи и лушпи од ориз

Цементарница Усје наскоро во своето производство како гориво ќе користи и лушпи од ориз и остатоци од текстил.

Опремата за добивање на гориво од овие алтернативни горива веќе се инсталира во компанијата, а во првата фаза, планирано е само 15% од вкупното гориво што го користи да биде заменето со алтернативно гориво.

Лушпи од ориз и остатоци од текстил, Усје ќе набавува од Македонија.

Усје веќе поседува дозвола за користење на отпад како гориво, согласно регулативата и согласно Интегрираната А дозвола.

Титан групацијата во која влегува и Усје има големо искуство во користењето на отпадот како алтернативно гориво.

Во неколку цементарници на Титан во различни земји од ЕУ веќе со години успешно се користи отпадот како алтернативно гориво.

Цементарниците како технологија на работа се најподатливи за користење на отпадот како алтернативно гориво.

Придобивките за животната средина и општеството од употребата на алтернативните горива се големи, а Усје ќе заштеди и на трошоци за набавка на гориво.

Редукција на стакленички гасови, позитивно влијание на емисиите во воздухот, искористување на енергија од отпад е подобро од депонирање, намалена употреба на необновливи (фосилни) горива и суровини, нови вработувања се само дел од придобивките.

Мала искористеност – големи потенцијали

И покрај тоа што регулативата во Македонија од оваа област е во целосна согласност со ЕУ стандардите и истата дава можност за користење на отпадот веднаш, во Македонија многу мал дел од компаниите користат отпад како енергенс

Компанијата „Везе шари“ произведува струја од отпад од животинско потекло, а од пред извесно време алтернативно гориво користи и ЗК Пелагонија.

Кај нас сегментот на алтернативни извори на енергија погрешно се поистоветува со обновливи извори на енергија од ветер, сонце и мали хидроцентрали, а искористувањето на отпадот како алтернативно гориво не е тема во јавноста, туку само во мал дел од запознаената јавност (компании и институции).

Европската унија рециклира 42% од вкупниот отпад

За разлика од кај нас во ЕУ се рециклира 42% од вкупниот отпад.

До 2030 година планирано е 65% од отпадот да биде рециклиран за да може да се употребува како алтернативно гориво.

Според проценките, рециклирањето на отпадот и неговото користење како алтернативно гориво ќе отвори 580.000 нови работни места во ЕУ.

Во пеесетите години од минатиот век почнале да се користат првиите алтернативни горива – гуми во Велика Британија, а во осумдесетите години трендот се проширува и во Германија.

Во 1987 година во Германија само 5% од фосилните горива биле заменети со алтернативни горива, а во 2017 година нивната употреба пораснала за повеќе од 65%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Католиците го слават Велигден

Редакција

Тежок удар: Египет ја порази Македонија со 38:19 на Светското првенство во ракомет

Редакција

За Ковачевски инцидентот во Охрид имал за цел да го одвлече вниманието од нашата европска иднина

Редакција