еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Цементарница Усје во рок од пет дена да премине на загревање со природен гас, наложи Државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска издаде решение со кое на „Цементарница УСЈЕ“ и се наложува во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати со кои се загрева фабриката да се користи природен гас како гориво, согласно добиената А-Интегрирана еколошка дозвола и да изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитирана метода.

Рокот за реализирање на задолжението е пет дена.

– Да изврши мерење на емисија на гасови од емитерот – оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција, за што рокот на реализирање на задолжението е 10 денови откако ќе биде користен природен гас како гориво.

Да се направи мониторинг на сите емисиони точки од производните процеси со акредитирана лабораторија за животна средина во присуство на Државен инспектор за животна средина, за што рокот за реализирање на задолжението е 15 денови од приемот на решението, се наведува во решението на ДИЖС.

Во решението се посочува дека трошоците од анализата направена на 3 и 4 јануари 2023 година ги сноси субјектот на инспекциски надзор, бидејќи е утврдено дека примероците не одговараат на пропишаните стандарди согласно А-ИСКЗ дозволата.

– Доколку ДИЖС согласно член 200 став 4 од Законот за животната средина утврди дека не се постапува согласно Решението и не се отстранат причините настанати со донесувањето на решението, Државниот инспектор за животна средина ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежниот орган или суд, односно кривична постапка пред надлежен орган или суд и ќе отпочне постапка за одземање на добиените дозволи и овластувања, се истакнува во решението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цементарница Усје: Емисиите постојано се под граничните вредности определени со закон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 12 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 1.096

Редакција

Ќе се забрани акциска и промотивна продажба во маркетите до 30 ноември, следува и замрзнување на цените во прехранбената индустрија

Редакција

Од утре до 20 јули затворена за сообраќај делницата Демир Капија – Давидово

Редакција