Цените на нафтата се искачија на највисоко ниво од 2008 година, откако САД соопштија дека разговараат за потенцијално ембарго на руските испораки со своите сојузници.
Суровата нафта „брент“ – глобалниот репер за нафта – се искачи над 139 долари за барел во азиската трговија, пред да се намали на под 130 долари.
Пазарите на енергија беа потресени во последните денови поради стравувањата за снабдување предизвикани од руската инвазија врз Украина.
Потрошувачите веќе го чувствуваат влијанието на повисоките трошоци за енергија, бидејќи скокаат цените на горивата и сметките за домаќинствата, јави Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виза, Мастеркард, Пејпал, Самсунг, Зара, Американ експрес… се повлекуваат од Русија
(Вознемирувачко видео) Цивили убиени од руските сили при обид да побегнат од Ирпин
МИА/Фото: Унсплеш