еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Украинците имаат план доколку Зеленски биде убиен, откри американскиот државен секретар Блинкен

Украинците имаат план за „континуитет на владата на еден или друг начин“, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски биде убиен, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Си-Би-Ес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тајмс“: Врз Зеленски деновиве извршени најмалку три неуспешни атентати

„Украинците имаат планови, за кои нема да зборувам или да навлегувам во какви било детали, за да се осигураат континуитет на владата на овој или оној начин, и толку ќе кажам на таа тема, рече Блинкен.

Американскиот државен секретар, исто така, му даде комплимент на Зеленски за неговото „лидерство“ во оваа криза.

“Лидерството што го покажа претседателот Зеленски, што го покажа целата влада е извонредно. Тие се олицетворение на овој неверојатно храбар украински народ“, рече Блинкен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Цивили убиени од руските сили при обид да побегнат од Ирпин

Виза, Мастеркард, Пејпал, Самсунг, Зара, Американ експрес… се повлекуваат од Русија

Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ склучил 29 договори за јавни набавки во вредност од три милиони евра

Редакција

Српската православна црква се заканува со раскол со Вселенската патријаршија ако МПЦ биде признаена

Редакција

Бучковски: Ако го прифатиме новиот предлог на Бугарија за работните групи, ќе покажеме дека имаме направено сериозни подготовки

Редакција