еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Виза, Мастеркард, Пејпал, Самсунг, Зара, Американ експрес… се повлекуваат од Русија

Виза, Мастеркард, Пејпал, Самсунг, Зара, Американ експрес…. се последни во долгата листа на компании кои ја прекинуваат својата работа и продажба во Русија во знак на протест против тековната инвазија на земјата врз Украина.

“Испораките се суспендирани поради тековните геополитички случувања“, се наведува во соопштението на Самсунг, најпопуларниот бренд за мобилни телефони во Русија, со пазарен удел од 30 отсто во четвртиот квартал од 2021 година, објави добавувачот на податоци Counterpoint.

„Пејпал го поддржува украинскиот народ и стои со меѓународната заедница во осудата на насилната воена агресија на Русија врз Украина“, информираа од компанијата за онлајн плаќање.

Русија ја напушта и „Индитекс“, матичната компанија на шпанскиот бренд за мода „Зара“, што ќе значи привремено затворање на 502 продавници во Русија. Компанијата ги поседува и брендовите Massimo Dutti, Pull&Bear, Zara Home и Bershka.

Од компанијата соопштија дека ќе се прекине и онлајн продажбата.

И глобалните гиганти во бизнисот со кредитни и дебитни картички, Виза и Мастеркард објавија дека ги прекинуваат трансакциите во Русија како резултат на руската инвазија врз Украина.

Работата и продажбата во Русија ја прекинаа и Нетфликс, Епл, Интел, Мајкрософт, Икеа…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Цивили убиени од руските сили при обид да побегнат од Ирпин

(Видео) „Руси одете дома“: Украинците протестираат во окупираните места

(Видео) Во опколените места во Украина снемува вода, жителите топат снег

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ММФ за годинава предвидува раст на македонската економија од 2,1, а цените да пораснат за 9,2%

Редакција

Бугарското МНР со особено внимание ги следело ставовите на македонската опозиција за затворање на бугарските клубови

Редакција

Ковачевски: Реалистично гледаме на 2030 година како на достижна цел за полноправно членство на државава во ЕУ

Редакција