еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЦГК: Договори за јавни набавки вредни над 400 милиони евра лани склучени во постапки со само една понуда

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до декември 2022 година, во кои се вклучени и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки и анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки, информираат од таму.

Извештајот покажува дека секој трет договор за јавна набавка во 2022 година е склучен во постапка во која учествувала само една фирма. Станува збор за 9.305 договори, во вкупна вредност од 26 милијарди денари (427 милиони евра).

Просечниот број понуди по тендер во 2022 година изнесува 3, што укажува на намалување на конкуренцијата во однос на 2021 година, посочуваат од таму.

Според Извештајот, 90% од мониторираните тендери се спроведени подоцна од рокот кој бил предвиден во плановите за јавни набавки.

Поништени се 31% од постапките за јавни набавки.

-Низ нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 31 милион евра, што е намалување за 30% во однос на претходната година.

Се намалува бројот на жалби од фирмите кои во 2022 година до Државната комисија за жалби по јавните набавки поднеле 751 жалба, што е за 34% помалку од претходната година, посочуваат од ЦГК.

За 63% од фирмите, најниската цена‘ како критериум за избор е најчестиот проблем со којшто се соочуваат во јавните набавки.

-93% од фирмите сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереални цени и се занемарува квалитетот.

54% од фирмите признаваат дека постои меѓусебно договарање на тендерите.

46% од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки, а 18% изјавуваат дека лично се соочиле со корупција на тендерите, велат од ЦГК.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки

Највредниот договор за јавна набавка без оглас лани го добила бугарската фирма Actael N Ltd

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто се слави 23 Октомври?

Редакција

(Вознемирувачко видео) Италијански и холандски навивачи направија хаос во Тирана и ја нападнаа полицијата

Редакција

Во пандемија се зголемуваат часовите кога нема вода за пиење и хигиена во Тетово

Редакција