еМагазин
Image default
Македонија

Младен Чадиковски и Столе Наумов во трката за претседател на ЗНМ

До Здружението на новинари на Македонија пристигнати се две кандидатури за претседател на здружението. Кандидатури имаат поднесено Младен Чадиковски и Стојанче Наумов.

Чадиковски, како што соопшти денеска ЗНМ, доставил програма за работа, додека Наумов најавил дека ќе ја презентира својата програма пред членовите на самото Собрание.

До вчера до полноќ до кога беше последниот ден за пријавување на кандидати за позициите во органите на ЗНМ пристигнати се и 29 кандидатури за членови во Управниот одбор, шест за членови во Надзорниот одбор и 4 за членови во Советот на честа.

За членови на Управниот одбор се кандидатираат Ајдари Аднан, Акифи Шклзен, Андонов Зоран, Арифи Бењамин, Атовска Кристина, Димевски Сашко, Димитровски Зоран, Донев Венцо, Ѓеоргиев Томислав, Иванов Мишко, Јовановска Слободанка, Јовановски Тодор, Кока Фиљана, Лефков Горан, Мачкиќ Кристина, Маџоски Зоран, Митреска Елизабета, Михајлоски Гоце, Николовска Билјана, Петроска Парашкева, Поповски Среќко, Салију Фуркан, Салих Зехријан, Стефановски Илија, Стојанов Игор, Стојановска Наташа, Трпческа Мирјана, Халили Мемедалија Евис и Цветковска Сашка.

Кандидатури за членови на Надзорниот одбор се Јордановска Мери, Керими Адриан, Мехмети Семи, Мулачка Ирена, Стројмановски Трајче и Сулејмани Башким, додека за Советот на честа кандидати се Костиќ Мира, Јакупи Семра, Зилбеари Сенад и Зекири Арбен.

Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во сабота со почеток во 10 часот во спортската сала „Борис Трајковски“. Досега функцијата претседател ја вршеше Насер Селмани.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец на 74 години почина од корона вирусот

Редакција

Нови 628 случаи на Ковид-19, во Скопје дури 353

Редакција

Кои се новите претседатели на Апелациониот суд Скопје и основните судови во Битола и Прилеп

Редакција