еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ФРОНТЕКС и македонската полиција пронајдоа момче од Франција, кое во неговата земја е пријавено за исчезнато

Лицето С.И. (21) од Франција, кое во неговата земја е пријавено за исчезнато, го пронашле полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС.

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, тој бил затекнат при илегален влез на територија на Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.

По дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, денеска е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11 март годинава.

Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски донираше крвна плазма

Редакција

Годинава со судски налог биле прислушувани 369 лица

Редакција

Македонските војници ќе си „играат“ војна дома, но и во Германија, Албанија, Црна Гора, Италија, Бугарија…

Редакција