еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Чебрен и ЕУ станаа „политички виц“: Остаревме од чекање

Во текот на вчерашниот ден се „поклопија“ вестите дека Владата повторно ќе распишува тендер за изградба на хидроцентралата Чебрен и дека е објавена новата нацрт-методологија за водење на пристапните преговори со ЕУ.

Иако навидум двете информации немаат ништо заедничко, тие многу прецизно го илустрираат застојот во нашата земја на економски и политички план.

Имено, македонските граѓани веќе со децении од различни владејачки гарнитури слушаат дека почнува изградбата на хидроцентралата Чебрен, како и дека членството во ЕУ е завршена работа.

Сепак, времето досега како по правило ги побиваше ветувањата на политичарите. Ниту Чебрен се изгради, ниту пак станавме членка на Европската Унија.

Сега, како се да почнува отпочеток. На вчершната седница Владата ја разгледа информацијата и донесе одлука за отпочнување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна река (Чебрен).

Се најавува дека постапката ќе биде спроведена во две фази, и тоа фаза на претквалификација, со јасни критериуми кои ќе треба да ги исполнат домашните или странските компании, по што ќе следува втората фаза со покана за поднесување на понуди до квалификуваните понудувачи.

„По завршување на првата фаза, Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река ќе организира отворање на пристигнатите понуди за претквалификација, по што ќе следи евалуација, после која до Владата ќе биде доставена предлог листа на квалификувани понудувачи кои ќе бидат поканети да подигнат тендерска документација и да поднесат понуди.

Тендерската документација со Договорот за концесија и Договорот за заедничко вложување ќе бидат доставени до Владата на одобрување. Во оваа фаза детално ќе бидат разработени условите и начинот на доделување на концесијата, начинот на престанок на концесијата и сите услови во согласност со Законот за концесии и јавно приватно партнерство“, соопшти вчера Владата.

Тоа што оттаму не го кажаа е дека слични тендерски постпаки за Чебрен и Галиште се спроведуваа веќе во изминативе 20 години, се јавија многу инвеститори, но никој не „загриза“ или понудите беа прогласени како неповолни.

Уште позаматена е состојбата со зачленувањето во ЕУ. Имено, откако го сменивме името на државата и „извисивме“, сега новата методологија меѓудругото предвидува дека секоја земја-членка ќе може да ги замрзне или целосно да ги суспендира преговорите со некоја земја кандидат.

Во тие случаи ќе се замрзнуваат и фондовите освен за граѓанското општество, а пристапот до програмите на ЕУ се ограничува.

Со други зборови, зачленувањето во ЕУ допрва може да донесе нови уцени и условувања од соседите и останатите европски земји, што лесно може да го направи нашето зачленување во невозможна мисија.

Затоа, македонските граѓани треба да се надеваат, но да имаат резерва во однос на ваквите „проекти“ бидејќи минатото покажа дека остаревме чекајќи да се реализираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова методологија за преговори со ЕУ: Секоја членка ќе може да го „замрзне“ процесот за новите кандидати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки просечни нето-плати во март

Редакција

23 лица биле на возраст од 30 до 59 години: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 22,5% за една недела

Редакција

Кој е Раде Трајковски Штекли, кој преживеа трет обид за ликвидација

Редакција