еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Четворица пациенти ја загубија битката со Ковид-19 во штипската модуларна болница

Во штипската модуларна болница во рок од 24 часа починаа четворица пациенти, станува збор за пациенти на возраст од 66 до 89 години од Штип, Кочани и селата Лески и Подареш.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека пациентите кои се лекуваат во модуларната болница се со тешка клиничка слика, со воспаленија на двете белодробни крила и со други наоди и болести.

Во моментов во болницата од 38 пациенти, само четворица не се на кислородна поддршка. Во кожното одделение се лекуваат осуммина и тоа се пациенти, кои се стабилизирани и за неколку дена се очекува да заминат дома.

Ѓеорѓијев посочува дека кон крајот на наредната недела се очекува да се стави во функција и Инфективното одделение, во кое се поставува современ противпожарен систем, со рана детекција за пожари и прскалки. Во зградата на Инфективното одделение ќе се лекуваат над 60 пациенти, а во истиот објект се враќа и одделот за Неврологија.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев, Вучиќ и Рама бараат поддршка од Берлин за Отворен Балкан

Редакција

Антикорупциска отвори предмет за Артан Груби

Редакција

Угостителите да работат до 21 часот, а административците од дома и во смени, препорача Комисијата за заразни болести

Редакција