еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Видео) Проф. Трајковски: „Ако сите беа вакцинирани, во летниот бран ќе изгубевме 209 животи наместо 1.047“

Проф. Дејан Трајковски во гостувањето на Стадион на Канал 77 рече дека делта сојот кој е од 50 до 90 проценти позаразен, однесе 1.047 починати до сега.

„Меѓутоа, доколку никој не се вакцинирал, во овој бран би умреле 2.130 лица, што значи дека до сега имаме спасено околу 1.000 лица со сегашниот опфат на вакцинација.

Но, доколку сите би се вакцинирале, би починале 209 лица, со просек на ефикасност од 89% ефектот од вакцините против смртен исход,“ рече Трајковски.

Во однос на високата смртност, Трајковски вели дека математичката може да измери колкава е, додека докторите треба да одговорат на прашањето „зошто“.

„Мислам дека никогаш нема да го направат тоа, бидејќи ако знаеле зошто, ќе го спречеле тоа. Инаку, по годишна смртност и поранешната годишна смртност, Македонија е на второ место во светот.

Меѓутоа, со земање на резултатите од новиот Попис, веројатно ќе бидеме на прво место. Значи, ние сме веројатно и пред Перу. Ние моментално имаме преку 6.000 починати на милион жители, од почетокот на пандемијата.

Значи не 3.000 според официјално дијагностицираните, туку 6.000 според официјаните извештаи на Државниот завод за статистика, каде со математичка пресметка може да се види каде е вишокот според официјалната годишна пресметка на смртност.

Со голема прецизност, со грешка од само 30-40, може да се процени колку ќе има починати,“ рече Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Доктор Докиќ: „Eдна петтина од жртвите на Ковид-19 во овој период починале истиот ден кога биле примени во болница, младите не се тестираат“

(Видео) Доктор Беќаровски: „Требаше да се направи ковид-центар во секој здравствен дом, каде секој пациент на петтиот ден ќе одеше на проверка“

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Иванов со семејството на литургија во Соборниот храм: Да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме

Редакција

Емотивни сведоштва и апел за помош на таткото и сопругата на киднапираниот внук на Бошковски, која чека второ дете

Редакција

(Фото) Што се pooling тестови: Нова поевтина услуга во „Жан Митрев“ за откривање на корона вирусот

Редакција