еМагазин
Image default
Забава

(Фото) Четкар во Њујорк и Охрид снима нов видео-запис за „Going Home“

Деновиве во Охрид, Четкар го заврши снимањето за за насловната тема на новиот албум  „Going Home“ кое го работи заедно со Борче Димоски со кој ова ќе му биде четврта по ред соработка.

Сцените за песната се снимаа на повеќе локации во Менхетен како и на плажата Бонанца во Охрид.

Промоцијата на видеото ке биде на крајот на јуни.

Во меѓувреме Четкар патува за САД каде ќе одржи два концерта во Детроит и Кливленд.

На 1 јуни, сабота, Владимир Четкар ќе настапи во Детроит во „Аретас Џез Клуб“ во историскиот „Детроит Мјузик Хол“ додека на 2 јуни, недела, Четкар патува за Кливленд каде ќе одржи концерт во „Боп Стоп“ водечкиот џез клуб во Охајо.

Концертната промоција на новиот албум пред македонската публика Четкар ќе ја одржи во јули.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

City Radio приредува карантинска забава во Зелената градина на кровот од ГТЦ со најдобрите диџеи

Редакција

(Фото) Кој дојде на роденденот на Лила во „Скопски мерак“

Редакција

Караванот „Македонијо во срце те носиме“ во недела патува во Кочани

Редакција