еМагазин
Image default
Македонија

Четворица новозаразени со Ковид-19 во Дебар

Во Дебар расте бројот на новозаразени со Ковид-19, каде со четирите случаи потврдени во последното деноноќие, вкупниот број на заразени се зголеми на 241 лице.

Само во овој месец бројката на заразени е 43 што во просек значи по 1,8 случаи дневно.

Битката со опасниот вирус досега ја добиле 155 лица, ја загубиле девет, додека активни на болеста се 77, поголемиот процент се со полесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови, дел се лекуваат амбулански во Општата болница во Дебар, а само неколку во здравствени установи во Скопје.

-Поради непочитувањето на препораките и понатаму вирусот се шири. Значителна бројка на граѓани се јавуваат со симптоми на опасниот вирус на кои им се зема брис, според востановената постапка и по добиените резултати соодветно се постапува, велат од Општата болница во Дебар.

Гледано по фази, поголемиот број заразени се во втората фаза, поточно од петти јуни, кога болеста повторно се врати на ова подрачје.

За разлика од првата фаза кога имаше 51 заразен со Ковид-19, во втората фаза тој број е 190, при што карактеристична е и возрасната граница. Ако претходно просечната возраст на заразените беше над 50 години сега е под оваа граница.

-Во втората фаза имаме заразени на возраст од 20 до 30 години, но и три бебиња на три, шест и дванаесетмесечна возраст, потврдува Метнор Меља, епидемилог.

Го повторува апелот строго да се почитуваат препораките за заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три нови случаи на Ковид-19 во Кичево

Четири новозаболени од Ковид-19 во Куманово, еден во Липково

Петмина новозаболени од коронавирусот во Тиквешко

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антонио Јолевски e нов претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

„Талир“ на СЈО одложен за 16 април

Редакција

Заев ќе поднесе оставка на 3 јануари

Редакција