еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чичко на 12-годишно дете со посебни потреби, го врзал момчето за гума и го закачил на дрво

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 46–годишен скопјанец кој со умисла сторил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно извршување на кривичното дело– Запуштање и малтретирање на дете  од член 201 став 1 во врска со член 45 од од Кривичниот законик.

„Обвинетиот – чичко на оштетените две деца, на 28 јуни 2020 година прифатил доверена обврска од мајката на децата, да ги надгледува додека таа била отсутна. Но, тој грубо ја запоставил својата должност за грижа и воспитување, па започнал да ги малтретира доверените деца.

Истиот ден, околу 12.30 часот, тој на дрво во близина го врзал 12-годишното момче за стапалото со внатрешна гума  од мопед. Врзаното дете – лице со посебни потреби и неразвиена моторика, не можело да се ослободи, па кон него се приближила неговата 5-годишна сестра во обид да му даде шише со течност за да се напие.

Во тој момент, обвинетиот го нападнал и девојчето, најпрвин вербално, а потоа и физички – удирајќи ја по лицето и нозете,“ се вели во соопштението.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, имајќи предвид дека постои опасност од негово криење и бегство, а како близок роднина кој има постојани контакти со оштетените, постои и реална опасност да го повтори кривичното дело доколку се брани од слобода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Педесетти ден во Дебар нема новозаразени со коронавирусот

Редакција

Повеќе од 1.000 текстилни работници од источниот регион добиле плата под минималната

Редакција

Нема промена во мерките за влез во Грција

Редакција