На 03.09.2019 во 18.15 часот, по барање од Секторот за градежна инспекција при општина Охрид, поради постоење основи на сомнение за изведување бесправна градба на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, приведени се градежните работници Л.В.(28), Н.В.(34), двајцата од струшкото село Радолишта, како и Е.Б.(30) од Република Албанија, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.