еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има најмногу три мандати, Груевски веќе не е почесен претседател

Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ синоќа ја потврди одлуката на Извршниот комитет да се овласти лидерот на партијата Христијан Мицкоски да преговара за формирање на ново парламентарно мнозинство.

Претседателот на статутарната комисија на партијата Панче Тошковски по завршувањето на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека одлуката е донесена едногласно.

Покрај ова, на вечерашната седница на Централниот комитет е донесена и одлука за измени на Статутот на партијата кои, како што посочи Тошковски, се во насока на поголема демократизација на партијата.

Една од измените е тоа што се ограничува мандатот на претседателот на партијата, односно тој ќе може да ја води партијата два мандати и евентуално уште еден доколку биде избран со двотретинско мнозинство на конгрес.

Новина е и тоа што барање за одржување на вонреден конгрес ќе може да поднесат една половина од членовите на Централниот комитет, а не како досега две третини. Измените предвидуваат и рамноправна застапеност на мажите и жените во органите на партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ е првата партија на Балканот која со Статут го ограничува бројот на мандати на високи функционери на партијата, а ова ограничување се однесува и на претседателот на партијата.

Во иднина, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе може да биде претседател само два мандати на регуларен избор и евентуално би можел да добие и трет мандат само доколку биде поддржан од две третини од членовите на конгресот“, изјави Тошкоски.

Статутот, како што рече, не предвидува почесни претседатели.

„Овој статут на предвидува почесни претседатели, односно ниту Никола Груевски, ниту било кој поранешен почесен претседател повеќе согласно овој статут не се почесни претседатели“, изјави Тошкоски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коалицијата „Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ за изборната кампања прибрала донации од 538.000 евра

ИК на ВМРО-ДПМНЕ го овласти Мицкоски да продолжи со разговори за формирање Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски не откри ништо ново, сите документи се предадени на истражните органи, реагираат од Онкологија

Редакција

599 се жени: За 600 места пријавени 2.964 кандидати за полицајци 

Редакција

„За чесните стана луксуз да живеат во Македонија„: Твитер реакции за цените на храната

Редакција