еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Дортмунд изградена за четири месеци

Македонската православна црква „Св. Кирил и Методиј“ која почна да се гради во Дортмунд во јануари годинава е готова.

„Верниот народ со организаторите Црковниот одбор на чело со парохискиот свештеник протојереј Душко Пецов, покажаа голема заинтересираност и дарежливост, така што за само 3-4 месеци комплет ја изградија Црквата и веќе е подготвена за покривање.

Силата на народот пренесена преку рацете на отец Душко, кој пак поддржан од членовите на Црковниот одбор вроди со плод на дело. Отец Душко постојано на секоја света богослужба и преку социјалните мрежи повикува на помош од сиот верен народ и истакнува дека сега е моментот да ние создадеме историја за која ќе се говори во иднината“, информира отец Душко за „еМагазин“.

Понатаму отецот додава дека сега уште повеќе се потребни донации за да се внатрешно доуреди и подготви за да се освети догодина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка – единствена банка со можност за достава на пензиите на домашна адреса

Редакција

ОКТА ја поддржа изградбата на првото инклузивно игралиште во Општина Дојран

Редакција

(Фото) За 2.000 жени дождот не беше пречка: Се истрча 10. јубилејно издание на Авицена Женска трка

Редакција