еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Црн биланс во Македонија: За една недела 62 починати од Ковид-19

Во изминатава недела од 17 до 23 октомври во Македонија починаа 62 лица од Ковид-19, покажуваат податоците што секојдневно ги објавува Министерството за здравство.

Меѓу починатите имаше и пациенти на возраст од 30 до 50 години.

Загрижува што во повеќе наврати бројката на регистрирани позитивни случаи надминува 500 лица дневно.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање и дека работи на изнаоѓање решение за нови термини.

„Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата“, потенцира Филипче.

Очигледно е дека сосотјбата со Ковид-19 повторно станува алармантна и дека бројката на заболени најверојатно е многу поголема отколку регистритраните случаи.

Останува да се види дали и Македонија по примерот на Словенија, Франција и други европски земји повторно ќе воведе нови рестрикции и полициски час за да се спречи ширењето на заразата.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 132 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

(Галерија) Струга во новогодишно руво

Редакција

Kомплетно политичко скршнување од тезите, вели Мицкоски за можното коалицирање на Алијанса со власта

Редакција