еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Црвени прсти на нозете – нов симптом на коронавирусот

Американски лекари откриле дека постои уште еден нов симптом кај пациенти со коронавирусот, што се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете.

Кај заразени со ковид-19 прстите се црвени, како по изложеност на студ, објави Дејли Хералд.

Последен објавен симптом беше згрутчување на крвта, што може да предизвика мозочен удар.

Неодамна лекарите и пациентите открија и нов симптом, што го опишуваат како трпки по телото, што е знак дека телото во завршна фаза се бори со вирусот.

Останатите вообичаени симптоми вклучуваат треска, болки, тешко дишење, замор, сува кашлица, дијареја, а од друга страна, некои луѓе немаат никакви симптоми.

Евидентирани се и невролошки симптоми, вртоглавица и главоболка, атаксија што се опишува како недостаток на координација на движење, односно одење или кревање предмети.

Атаксијата може да влијае на говорот, голтањето и движење на очите.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 2.732.702 лица.

Од нив починати се 191.150, а оздравеле 750.864 луѓе.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово

Со хронична и здравствена состојба, 27,5% од заболените со коронавирусот во Македонија

Најмногу на возраст од 30 до 59 години, повеќе жени, детали за новозаболените од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР откри лабораторија за производство на марихуана во Булачани

Редакција

(Фото) ТАВ: Отворена новата продавница на ATU Duty Free на Скопскиот аеродром

Редакција

Доминација: „Виза“ и „Мастер кард“ омилени платежни картички на македонските граѓани

Редакција