еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле директорите во М-НАВ, кои според Синдикатот го оспоруваат огласот за контролори на летање

Од Струковиот синдикат на контролори за летање информираа дека поради Управниот одбор во државното акционерско друштво М-НАВ пропаѓа оглас за вработување на нови контролори на летање, оти на истиот не поминале деца на менаџментот на друштвото и на политичари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропаѓа оглас за контролори на летање во М-НАВ, оти не го поминале деца на политичари и на менаџментот на компанијата

Од М-НАВ, пак го демантираат Синдикатот и велат дека изборот се одвивал нормално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од М-НАВ тврдат дека изборот на контролори на летање се одвивал нормално

Каков имот пријавиле членовите на Управниот одбор

еМагазин ги разгледа анкетните листови на членовите на Управниот одбор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди, кој е претседател на Одборот, Владко Крстевски и Миѓен Салмани, кои ги доставиле до Антикорупциска комисија, кога стапиле на оваа функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој се е во менаџментот на М-НАВ, кој според Синдикатот го оспорил изборот на кандидати за контролори на летање

Хамиди според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа од 192 метри квадратни во Скопје, која е подарок, земјоделско земјиште исто во Скопје, вози две возила, а има и кредит од 1,3 милион денари, кој треба да го врати до 2025 година.

Кредит пријавил и на име на децата.

Крстевски според неговиот анкетен лист на свое име три стана, од кои едниот е подарок.

Вози Цитроен Ц3, а има и два кредити од по 3,5 милиони денари, кој треба да го врати до 2028 година и од 640 илјади денари, кој треба да го врати до 2024 година.

Салмани според неговиот анкетен лист на свое име пријавил куќа во Скопје, која е подарок и два стана во Скопје од по 74 и 78 метри квадратни.

Како заеднички имот пријавил и деловен простор во Скопје, од кој зема наемнина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Останува во затворот во Шутка: Апелација ја одби жалбата на Мијалков за притворот за „Таргет – Тврдина“

Редакција

Отец Пимен: Не е проблемот во мерките, туку во нивното кршење

Редакција

Кинеската политика за Ковид-19 со нулта стапка е неодржлива, велат од СЗО

Редакција