еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Д-р Кунгуловски за мутациите на Ковид-19 во Македонија: Среќа во несреќа е што бразилскиот и јужно-африканскиот сој не се попреносливи од британскиот

Д-р Горан Кунгуловски на својот Фејсбук-профил се осврна околу можноста за ширење на новите мутации на Ковид-19 во Македонија, какви што се бразилскиот и јужно-африканскиот сој на вирусот.

„Како сој се дефинира тип на вирус што се разликува од изворниот според акумулација на мутации коишто водат до промена на неговите биолошки особини (пр. зголемена преносливост, зголемена смртност, избегнување на имун систем и слично).

Соевите како британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот се дефинирани од 10-тици мутации според коишто се разликуваат од изворниот Wuhan-ски сој, но фокусот е ставен само на 2-3 од нив.

N501Y мутацијата – води до зголемена преносливост на SARS-CoV-2 вирусот. Ја има во британскиот, јужно-африканскиот и бразилскиот сој.

Е484К мутацијата – води до зголемена имуноевазивност (избегнување на имуниот систем). Ја има кај јужно-африканскиот и бразилскиот сој.

Бидејќи во Македонија е доминантен британскиот сој (можеби над 98-99% од сите новозаразени), а бразилскиот и јужно-африканскиот сој се пренесуваат подеднакво брзо или побавно од британскиот, истите доколку сега влезат и се детектираат во Македонија, најверојатно нема да станат доминантни, бидејќи ќе бидат само капка во морето со британскиот сој.

За некој сој да стане доминантен, треба многу побрзо да се пренесува од сојот што тековно циркулира во популацијата (во случајов кај нас е британскиот). Во случајов, бразилскиот и јужно-африканскиот ги немаат тие својства.

Среќа во несреќа, засега“, напиша Кунгуловски.

Фото: Фејсбук/Кунгуловски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемено загадување во Битола, намалено во Кичево и Гостивар

Редакција

Ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава, вели Пендаровски

Редакција

Денеска сончево време со ниски утрински температури

Редакција