еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да помогнеме малиот Кристијан да замине на операција во Турција

Во овие убави и празнични денови да помогнеме колку можеме и бидеме тука за оние на кои сме им потребни.

Родителите на Кристијан ни се обраќаат за помош и поддршка за нивниот син, кој мора најбрзо што може да замине на операција во Турција. Потребни се 40.000 евра.

Отворени се донациски броеви: Телеком 143 136 и А1 143 464.

“Кристијан нажалост детството го помина по болници со надеж дека ќе биде подобро и дека неговата состојба ќе се подобри. Секогаш кога ќе помислевме дека успеавме нешто ново ќе излезе. Така и овој пат за жал.

Дали ќе замине или не зависи од вас и вашата поддршка, бидејќи ние не сме во финансиска можност за да ја покриеме оваа операција. Поради тоа ќе ве замолиме да ни помогнете и да го спасиме нашиот син“, велат родителите.

Денарска сметка во НЛБ Банка: 210-7000006478-05.

Девизна сметка во НЛБ Банка: IBAN CODE MK 07210501699259629/SWIFT TUTNMK22.

Вашата донација значи живот за Кристијан, секоја помош, споделување, подршка, ни значи, стои во објавата на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз Ер“ скопски маратон преку партнерство со GivenGain цели кон поддршка на оние кои им треба помош

Редакција

Потребен е респиратор за Стефан да продолжи со живот

Редакција

Шестгодишниот Марко треба да се лекува од тумор на мозокот, да помогнеме на оваа детска насмевка

Редакција