Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека до среда-четврток ќе се знае дали на претстојниот министерски Совет на ОБСЕ во Скопје ќе учествува и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
„Секој ден има нови делегации што го потврдуваат присуството и задоволен сум од тоа што го имаме досега. Очекувам најголем број од министрите на ОБСЕ да бидат присутни во Скопје, бидејќи и така ќе биде историски министерски совет,“ изјави Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе дојде ли рускиот министер Лавров во Скопје за Самитот на ОБСЕ, процедурата е почната
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.