еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Дали вакцината против Ковид-19 е безбедна за луѓе со алергии

Досега имало неколку, многу ретко, случаи со тешка алергиска реакција на актуелнте Ковид-19 вакцини, пишува на Инстаграм-профилот на kiwi-zdravje.

„Овие реакции се појавиле кај луѓе со историја на тешки алергиски реакции, луѓе кои обично со себе носат адреналински пенкала (субкутана инјекција, за секој случај). Ако некогаш сте имале тешка алергиска реакција на било која од состојките на Ковид-19 вакцините, препорака е да не ја примате вакцината. Состојките на вакцината можете лесно да ги проверите онлајн.

Ако сте имале тешка алергиска реакција на други вакцини или инјекциони терапии, треба да се консултирате со вашиот лекар дали е препорачано да примите Ковид-19 вакцина. Доколку имате историја на тешка алергиска реакција која не е поврзана со вакцини или инјекциони терапии, како што се алергиски реакции на храна, животински отров, или латекс, безбедно е да се вакцинирате.

Луѓе со историја на алергии на орална медикација, фамилијарна историја на тешки алергиски реакции, или кои можеби имале благи алергиски реакции на вакцини но без анафилакса, можат да се вакцинираат со Ковид-19 вакцина.

Доколку, поради некоја причина, се јави тешка алергиска реакција по првата доза од вакцината, не треба да се прима втората доза,“ пишува на едукативната платформа „Минута здравје“.

Содржината на Минута здравје (@kiwi.zdravje) е од информативен карактер и не е наменета за поставување медицинска дијагноза, медицински совет или медицински третман.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Фамилијарна новогодишна честитка од Влатко Ѓорчев

Редакција

Минатата недела еден починат од Ковид-19 и 169 нови случаи

Редакција

Минусни температури на Попова Шапка и Лазарополе

Редакција