еМагазин
Image default
Да помогнеме

Децата одат гладни во школо: Kорона-кризата остави во безизлезна ситуација шестчлено семејство

Здружението на граѓани „Стопли срце“ упати апел за помош на шестчлено семејство.

„Се работи за шестчлено семејство, мајка, татко и 4 деца. Луѓево едвај врзуваат крај со крај, но сега со ситуацијава со коронава, веќе се во безизлезна ситуација! Најди работа, 2-3 месеци, па отпуштање, пак најди работа, па пак отказ и така скоро 2 години.

Значи веќе во буквална смисла немаат што да јадат. Децата немаат речиси ништо. Струјата исто така ќе им ја исклучат ако не помогнеме. Дрва за огрев немаат. Лани го замолив градоначалникот Велимир Смилевски и без збор им однесе огрев во два наврати, сега се избори, па не знам како ќе биде.

Затоа ќе ве замолам сите вас заеднички да им помогнеме!

Бидејки се шест души, мајката меси леб секој ден, бидејќи не можат да си приуштат да купуваат леб.

Децата немаат долен веш, чорапи, школски прибор, ранци итн. Децата се на возраст 18, 15, 13, 6, сите одат на училиште и сите се машки. Рата за струја им е 5.100, кој сака да плати, ќе му дадам инфо. Ве молам да се приклучите кон акцијава и да им помогнеме макар за наредни 2-3 месеци со храна!

Потребно е брашно, зејтин, ориз, грав, конзервирана храна, сол, шеќер… Сепак 4 деца треба да појадуваат и вечераат, па затоа ќе замолам и за маргарин, сувомеснато, паштети, мајонез, не знам, истото што го даваме и ние на нашите деца.

Потоа, тоалет хартија, сапун, шампон, прашок, итн., долен веш, чорапи, тетратки и школски прибор…

Донациите ќе ги собираме во Нано Бар во Дебар Маало. Кој е од околината на Кисела Вода може да ме побара мене Верче Крстевска или Јована Нановски.

Ќе оставам и сметка кој сака да донира парично.

Ве молам, ве молам да собереме донации макар за 2-3 месеци да имаат храна и да не дозволиме децава да одат гладни во школо,“ се вели во апелот.

Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
ИБАН: МК07270722000030435
ХАЛКБАНК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повик за донации за Владо Ангелов, вработен во МРТ, потребна му е трансплантација на црн дроб

Редакција

Да ѝ помогнеме на Ангела да не го загуби видот, потребни се 13.200 евра за лекување во Германија

Редакција

Центар бар организира хуманитарна акција за чичко Драги на Рекорд

Редакција