еМагазин
Image default
Бизнис

Дел од Скопјани без парно, Владата ги повика надлежните компании и локалните власти да обезбедат топлинска енергија

Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје.

Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти.

Од Владата велат дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо.

Граѓани на Скопје, пред се од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве со реакции до медиумите се пожалија дека се без парно или греењето е многу слабо.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Здравствен дом – Охрид за набавка на амбулантно возило вреден 74.000 евра

Редакција

МАПАС: Членовите во вториот и третиот пензиски столб да ги ажурираат своите лични податоци

Редакција

Утре истекува рокот за одложената отплата на кредитите, банките не објавиле дали ќе има нова

Редакција