еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократскиот сојуз избра нови членови на Претседателството и го реафирмираше ставот за внесување на Бугарите во Уставот

Централниот совет на Демократскиот сојуз расправаше за актуелните политички состојби во земјата при што оцени дека евроинтеграциските процеси се врвен приоритет, но власта нема никакви реформи поврзани со судскиот систем, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, информираат од таму.

-Кај граѓаните постои огромно незадоволство од нефункционирањето на државните институции, сиромаштијата и заминувањето на младите од државата.

Инаку, од јули 2022 година, Владата ги најавува уставните измени, а досега не видовме ништо од нив, никаков текст, никаква расправа за суштината и контекстот на спорот со Бугарија туку само политички манипулации и поделби.

Демократскиот сојуз го афирмира ставот дека можно е Бугарите да бидат внесени во Уставот, но на реципрочна основа, односно да биде признаено правото на организирање на Македонците во Бугарија.

За нови членови на Претседателството избрани се Елисавета Јаневска, која е избрана и за претседател на Демократскиот сојуз на жените, Богоја Петровски, кој е избран и за претседател на младите на Демократскиот сојуз, како и Емилија Тошевска, информираат од партијата.

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Гаши разговараат за влез на Алтернатива во Владата

Редакција

Заразен рудар е првиот случај на Ковид-19 во Македонска Каменица

Редакција

Македонија ќе треба да и плати отштета на Бекташиската заедница

Редакција