еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Денеска ќе се одржи јубилејното, десетто издание на Самитот на Македонија 2025

Денеска ќе се одржи јубилејното, десетто издание на Самитот на Македонија 2025, со почеток во 13.45 часот, во хотел Мариот, Скопје.

Централна тема на годинешниот Самит ќе биде дигитализацијата, а истата ќе провејува како заедничка нишка и во сите други панели.

На Самитот ќе се презентираат најновите достигнувања, трендови, знаења и вештини во областа на дигитализација, циркуларната економија, успешни регионални бизниси од областа на технологија и ИКТ секторот, а ќе се зборува и за жешките економски прашања – инфлацијата, економскиот раст, енергетска криза и други.

Годинешниот Самит е организиран преку пет панели и едно главно интервју, при што, публиката ќе има можност да слушне 28 одлични говорници.

Истиот ќе биде организиран во хибридна форма, со публика од околу 100 гости во хотелот „Мериот“,  како и онлајн публика од околу 300 гости. Најголем дел од говорниците ќе бидат присутни физички.

Дел од говорниците на Самитот ќе бидат: Марсело Клауре – главен извршен директор на SoftBank Group International кој ќе има интервју со Мајк Зафировски, Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија, Изабела Венг, автор и социјален претприемач за дигитална трансформација, Виле Корпела, футурист и соработник на академијата Dubai Future Academy, Василис Монастириотис, вонреден професор по политичка економија на Европскиот институт и директор за истражување на LSE за Југоисточна Европа и многу други.

Самитот ќе го отвори претседателот Стево Пендаровски, а ќе се обратат и членови на Владата: заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Коста Петров.

„Покрај останатите активности и програми што ги реализираме во континуитет, особено сме горди на нашата годишна конференција, односно Самит која годинава се организира по десетти пат. Се работи за навистина уникатна деловна конференција со регионален карактер што е организирана од страна на една невладина организација.

Во овие 10 години, на самитот сме имале над 3.000 посетители, 520 говорници од 80 земји во светот, врвни менаџери и сопственици на бизниси, реформатори, претставници на тинк-тенк организации, од академската заедница, дипломатски претставници, итн.

Секако сево ова сме го постигнале со поддршка на своите партнери и поддржувачи“, објаснува главната извршна директорка на Македонија2025, Никица Мојсовска Блажевски.

Воведните обраќања на извршната директорка Мојсоска Блажевски и претседателот Пендаровски ќе се реализираат во периодот од 13.45 до 14.20 часот, а панелите, поради вклучување на гостите од странство и временските разлики, ќе завршат во 19.45.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зафировска од IT Labs: Во ковид-пандемијата, технологијата ни помогна да функционираме нормално

Мојсоска Блажевски: Самит Македонија 2025 и годинава ќе опфати теми важни за нашата иднина, подобро деловно опкружување и поквалитетен живот на граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамбо Амадеус се огласи за обвинувањата за сексуално вознемирување

Редакција

„Погрешно толкување на историјата“ влезе во последната нацрт-верзија, но не како што бара Бугарија

Редакција

Убава вест: Излекувани 195 здравствени работници во Македонија, заболени уште 41

Редакција