еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска умерено до значително облачно со утринска магла по котлините и дожд во западните делови

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, со појава на магла и значителна ниска облачност по котлините претпладне и со услови за слаб дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во ноќните часови кон петок ќе почне да се засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Утре и в сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени и ќе ги намали условите за појава на утринска магла.

В недела се очекува намалена облачност и претежно сончево време.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска сончево и студено време со северен ветер

Редакција

Од денеска промена на времето: Постудено и со врнежи од дожд

Редакција

(Фото) Вучиќ и Брнабиќ го прошетаа Ковачевски покрај Сава во Белград

Редакција