еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска сончево и топло време, со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.

За утре, синоптичарите најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можно е невреме, особено попладне.

Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник, а потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Дневната температура ќе опадне за шест до осум степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Богојавление-Водици: Урнебесни видеа од фаќањето на крстот низ Македонија

Редакција

Во Маврово 11, во Берово 8, а на Попова Шапка 6 сантиметри снег

Редакција

Природниот прираст негативен: Лани 6.724 повеќе умрени од родени

Редакција